Категории

СЕКОЕ УТРО КОГА ЌЕ ИЗГРЕЕ СОНЦЕТО, ИАКО СУМ СО ДРУГ, ЈАС МИСЛАМ САМО НА НЕГО

Секој ден, секоја вечер истата болка. Секое утро кога ќе изгрее сонцето, иако сум со друг, јас мислам само на него.

Не можам, иако сум со друг, него не можам да го заборавам, без него сум никој и ништо, ама баш ништо.

Секоја вечер кога ќе ги затворам очите, него го гледам, плачам во себе. Што ми вреди ако сум среќна со друг, кога секоја вечер плачам за него.

Плачам за него, а знам дека не е мој, дека можеби е со друга. Иако сум со друг, не можам да не мислам на него.

Толку е тешко човек да живее без саканата личност. Толку сме блиску, но сепак далеку еден од друг.

Помеѓу нас како да има кула од карти која не можеме да ја срушиме. Можеби ќе глумиме среќни со други, но знај не вреди.

Среќна нема да бидам со никој, кога секоја вечер плачам за тебе. Што ми вреди, ништо ама баш ништо. Секоја вечер плачам од болка по тебе.

Заспивам со насолзени очи, а се будам насмеана, преправајќи се. За тебе живеам, за тебе дишам. Среќна сум поради тоа што те сретнав.

Среќна сум поради тоа што воопшто се појави во мојот живот и промени се.

Не знам како влезе во мојот живот, не знам како, но успеа да направиш да те засакам премногу. Залудно.

Што вреди ако ти си со друга и се правиш дека си среќен со неа, што ми вреди мене ако сум со друг и се правам среќна ништо, баш ништо.

Тебе те сакам и така ќе остане.

Каролина

Прегледи:
587
Објавено на:
04.03.2016