Категории

Со овој трик и најтврдото месо ќе го направите меко и сочно

Во секое домаќинство може да се пронајде сода бикарбона. На многумина им се познати нејзините магични својства и мноштво начини за нејзина примена, како во кујната, така и во козметички цели.

Но дали знаевте дека обичната сода бикарбона може да биде корисна во приготвувањето на месо?

Можеби сте изненадени, но оваа состојка може да ви помогне да направите вкусна сочна шницла, дури и од најтврдото месо. Со зголемување на рН вредноста на месото, сода бикарбоната овозможува задржување на влага, а структурата ја прави понежна.

За да омекнете тврдото месо, следете ги следниве чекори:

Земете парче месо и поросете го сода бикарбона:

Распоредете по целата површина.

Оставете го месото да отстои во фрижидер 3-5 часа.

Пред приготвување, добро исплакнете го под млаз вода.

 

 

Пригответе го вашето омилено јадење.

Месото ќе се топи во уста!

Прегледи:
717
Објавено на:
05.03.2016