Категории

Пет успешни совети за смалување на потребата за храна

Ние ви нудиме супер трикови со помош на кои ќе ги заборавите слатките и грицките…

Дали често сакате да јадете јадења кои се високо калорични и полни со маснотии и спаѓаат во категоријата на забранети јадења, особено за оние кои се на диета. Дури и оние кои немаат проблем со храната, односно можат полесно да издржат и да се справат со потребата за храна додека се на диета, дури и тие се случува некогаш да го отворат фрижидерот и да најдат нешто за да се заситат.

Откажувањето од забранетата храна , постепено ја намалува потребата од масна и високо калорична храна, слатки и од грицките.

  1. Одберете храна со низок гликемиски индекс

Храната со понизок  гликемиски индекс се вари побавно и на тој начин предизвикува помало зголемување на шеќерот и инсулинот во крвта. Оваа храна со низок гликемиски индекс ќе ви помогне да го смалите гладот и притоа да не чуствувате тешкотии после оброкот, а сепак да се чуствувате најадени. Најдобро е да јадете 5 помали оброци во текот на денот и да јадете по 2 овошја во текот на денот и да внесете житарици како би внесле во организмот храна која му е потребна на вашиот организам и ќе се чуствувате заситени.

2. На работното место понесете си храна од дома

Домашната храна која ќе ја понесете на работното место со која ќе бидат заменети сите високо калорични оброци ддека сте на работното место, ќе ви помогне да не ја зголемите вашата телесна тежина, а да не чуствувате глад. Таквата храна која е поздрава , ја намалува потребата за храна која што е потполно нездрава ,како хамбургери и помфрит…

3. Јадете разновидна храна

Строгите и рестриктивни режими на исхрана само ја зголемуваат потребата за висококалорични јадења. Најдобро е себе си да можете да си дозволите да внесувате различни намирници, но добро искомбинирани.

4. Паметно да ја распоредите храната

Најкалоричниот оброк обично е најдобро да го јадете за ручек, додека доручекот и вечерата да содржат храна богата со растителни влакна и протеини. Најдобро е ручекот да го започнете со супа , потоа главното јадење и салатата оставете ја за крај. Ако така го распоредите оброкот, така ќе имате чуство дека сте изеле повеќе храна и ќе ви се намали потребата за слатко после ручекот.

5. Не го прескокнувајте доручекот

Доручекот е најважниот оброк во текот на денот. Наутро можете да појадувате овесни снегулки или варени јајца со рѓан леб. Луѓето кои обично го прескокнуваат доручекот обично во текот на денот имаат потреба за слатка ужина и повеќе храна од оние кои не го прескокнуваат доручекот. Затоа не заборавјте на него доколкуу сакате да не бидете гладни цел ден.

Прегледи:
613
Објавено на:
06.03.2016