Категории

ЧЕР­ВАР ПАК ЈА ИЗ­ГРА­ДИ НАЈ­ДО­БРА­ТА ЕВРОП­СКА ОД­БРА­НА

Трет­пат пос­лед­ни­ве пет се­зо­ни, Ме­та­лург ја има нај­до­бра­та од­бра­на во ЛШ, овој­пат со 24,1 при­ме­ни го­ла по меч, на ли­ста­та на ко­ја втор е Ле­вен со 25,2. По 180 нат­пре­ва­ри во груп­на­та фа­за од Ли­га­та на шам­пи­о­ни, ра­ко­ме­та­ри­те на Ме­та­лург и се­зо­на­ва пак ја има­ат нај­до­бра­та од­бра­на ме­ѓу 28-те ра­ко­мет­ни ги­ган­ти. Тие на 10 нат­пре­ва­ри при­ми­ја 241 по­го­док, во про­сек по 24,1 го­ла по нат­пре­вар, а да­ле­ку на вто­ро­то ме­сто е гер­ман­ски Ле­вен со 353 го­ла на 14 ме­ча (про­сек од 25,2). Трет во оваа ка­те­го­ри­ја е ун­гар­ски­от Вес­прем (364, про­сек од 26).

Низ дол­ги­те го­ди­ни по­ми­на­ти на ра­ко­мет­ни­те те­ре­ни сог­ле­дав де­ка до­бра­та и цвр­ста од­бра­на се ос­но­вен фа­ктор за до­би­ва­ње меч. Тоа мое сог­ле­ду­ва­ње при­до­не­се да ста­вам по­се­бен ак­цент на ра­бо­та­та во од­бра­на и да раз­ви­вам фор­ма­ции и та­кти­ки со кои ќе ги со­прам на­па­ди­те на про­тив­ни­ци­те. Од­бра­на­та е мо­ја де­ви­за отсе­ко­гаш, а по­себ­но отка­ко дој­дов во Ме­та­лург, би­деј­ќи Ма­ке­дон­ци­те се по­себ­но бор­бен и цврст на­род кој има вол­ја и ка­ра­ктер да се спро­тив­ста­ви и да по­бе­ди до­ста по­го­лем и по­си­лен про­тив­ник од се­бе“, ре­че кре­а­то­рот на нај­до­бра­та од­бра­на, трет­пат пос­лед­ни­ве пет се­зо­ни, Ли­но Чер­вар.

Со цвр­ста­та и бор­бе­на од­бра­на, ко­ја го кра­си мла­ди­от и по­ле­тен со­став на Чер­вар, ти­мот од „Авто­ко­ман­да“ нај­а­ву­ва де­ка пак поч­ну­ва да че­ко­ри по ве­ќе истра­си­ра­ни­от пат кон ра­ко­мет­ни­от врв, би­деј­ќи уште се све­жи спо­ме­ни­те од гра­нит­ни­от Ме­та­лург, кој две се­зо­ни по ред ја има­ше нај­до­бра­та од­бра­на во ЛШ (во се­зо­на­та 2011/2012 про­се­кот бе­ше 23 при­ме­ни го­ла по меч, а след­на­та се­зо­на на кра­јот има­ше про­сек од 22,3, а по груп­на­та фа­за про­се­кот бе­ше 21,5).

Се­зо­на­ва на 13 ме­ча во ЛШ би­ле по­стиг­на­ти по­мал­ку од 45 го­ла, а во пет од нив играл Ме­та­лург (со Ел­ве­рум 22-19, Скјерн 20-19, Ба­ја Ма­ре 21-20 и 21-23 и со Мо­тор 21-23).

Ре­зул­та­ти­те ме пра­ват по­себ­но горд би­деј­ќи по си­те слу­чу­ва­ња што ги имав­ме, Ме­та­лург ус­пеа да се спра­ви со сѐ и пак да за­че­ко­ри ме­ѓу ра­ко­мет­ни­те ги­ган­ти. Со­ста­вив­ме тим од до­ста мла­ди, ква­ли­тет­ни и бор­бе­ни игра­чи што се жел­ни за по­бе­ди и за до­ка­жу­ва­ње. Се­ка­ко, со нив прет­стои мно­гу за­ем­на ра­бо­та и за­ла­га­ње, за за­ед­нич­ко ос­тва­ру­ва­ње на за­цр­та­ни­те це­ли во ид­ни­на“, ре­че Чер­вар.

Ме­та­лур­зи­те се на под­го­то­вки во По­реч (Хр­ват­ска), пред про­дол­же­ни­е­то на до­маш­но­то пр­венс­тво, а по по­бе­да­та во по­не­дел­ни­кот над Изо­ла од Сло­ве­ни­ја со 35:23, зав­че­ра Ме­та­лург го по­бе­ди и хр­ват­ски­от По­реч со 19:14 (се игра­ше скра­тен меч од два­па­ти по 20 ми­ну­ти), а за си­но­ќа во Ри­е­ка бе­ше за­ка­жан и ме­чот со вто­ри­от нај­до­бар хр­ват­ски тим, За­мет.

Нај­до­бри од­бра­ни пос­лед­ни­ве пет се­зо­ни во ЛШ

2011/2012 Ме­та­лург 23,1

2012/2013 Ме­та­лург 21,5

2013/2014 Кол­динг 24,0

2014/2015 За­греб 24,8

2015/2016 Ме­та­лург 24,1

Прегледи:
407
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
09.03.2016