Што кога на врската и ставивте крај, но емоциите се уште тука?
Што ќе му кажете, а што не ако случајно се сретнете во град? Искуствата покажуваат дека најчесто се плашиме да ги изговориме следниве работи:
# Ми недостасуваш. Знам дека не треба да ти кажам, но ми сепак тоа е вистина. Многу често посакувам да останевме заедно.
# Жал ми е што се откажа од нас. Требаше повеќе да се бориш, а не да ме пуштиш при првата прилика.
# Често пати сакам да ти се јавам. Кога нешто убаво ќе ми се случи, сакам тоа да го поделам со тебе. Ако ми е тешко, сакам да ме утешиш. Милион пати сакам да го свртам твојот број, но на крај се откажувам.
# Крајот на врската ми е потежок од што мислев. Мислев дека е подобро ако се разделиме, но секоја ситница ме потсетува на тебе, па не можам да те заборавам.
# Се вознемирувам кога пред домот ќе видам автомобил сличен на твојот. Секогаш потајно се надевам дека тоа си навистина ти и сакаш да ме изненадиш.
Ви се случува ли ова на вас?