Тој важи за еден од најпопуларните и најмладите пејачи на денешницата, сними четири албуми кои се продадени во повеќе од 15 милиони примероци а неодамна го прослави и својот 22.ри роденден.
Станува за Џастин Бибер, кој покрај музиката и контроверзното однесување денес стана познат и по своето богатство кое изнесува цели 200 милиони долари!
Дел од овие пари ги заработил од продажба на ЦД-ња и албуми, а друг дел од своите светски турнеи. Така на турнејата „My World” во 2010 година тој инкеширал неполни 46 милиони долари, а со следната турнеја „Believe” заработил дури 55 милиони долари!
Бибер поседува и полна гаража со луксузни автомобили, од Range Rover и Audi R8, до Lamborghini и две спортски Ferrari. Секако, целиот тој негов возен парк се наоѓа во добро обезбеден, елитен дел во Лос Анџелес, каде што изнајмува вила за 60 илјади долари месечно.
Да не заборавиме дека пејачот поседува и приватен авион.