Овој неверојатен стан се простира на две нивоа во луксузна градба во срцето на Париз…
Оваа неверојатна градба потекнува од 1914-тата година, а има дневна соба во стил на работилница, со ошест метри висок таван и преубав сончев кров, кој му дава природно осветлување на целиот стан.
Со три спални соби и три бањи, овој стан нуди единствен поглед на најромантичниот град во светот. Замислете кое е уживањето кога ќе се разбудите наутро, кога го пиете Вашето прво утринско кафе, со префинет поглед на Ајфеловата кула и цела нејзина убавина…
Овој фантастичен стан во Париз има и голема кујна, опремена со исклучителни погодности. Секоја спална соба има своја бања, додека главната спална нуди нешто навистина посебно – поглед на Ајфеловата кула директно од креветот.