Категории

Реченици кои секоја дама треба да ги слушне од партнерот

Самодовербата е клуч за се, за успешна кариера, љубовна врска, среќен живот…

Самодовербата не е можно да ја стекнеме или одржиме ако покрај себе немаме партнер кој ќе ни дава “ветер во грб“ секогаш кога се чувствуваме ранливо.

Животот е краток па затоа не треба да го трошиме на некој кој не знае да ни даде поддршка.

Затоа следните четири фрази секоја од нас треба да ги слуша повеќе пати неделно…

# “Одлична си во тоа што го правиш! Верувам во тебе“

Без разлика што не сме секогаш совршени, заслужуваме да слушнеме дека сме такви во неговите очи. Заслужуваме да слушнеме “Ти го можеш тоа“ во моментите кога ни се чини дека целиот свет ни пропаѓа.

# “Горд сум на тебе“

Без разлика на тоа дали сме успеале да го положиме испитот кој долго време не мачел или сме добиле понуда за работа…едноставно на сите ни е потребен човек кој е горд што не има нас.

# “Сакам да остарам со тебе“

Која дама не сака да слушне дека нејзиниот избраник не сака да биде со неа цел живот?

# “Мила, само напред“

Во моментите кога сме уплашени и ни е потребно некој да не охрабри, треба да слушнеме дека тоа го можеме…

Охрабрувачките и мотивациони зборови од саканата личност се нешто што секоја од нас го заслужува.

Прегледи:
480
Објавено на:
17.03.2016