Категории

Барн го совлада Јувентус, во центарот на вниманието поништениот гол на Мората

Со головите на Левандовски и Милер тимот на Баерн Минхен се избори за нерешени 2:2 против Јувентус во регуларните 90 минути и обезбеди продолженија. Потоа, пак, Тијаго Алкантара и Коман донесоа нови два гола со што „баварците“ си обезбедија голема победа од 4:2 и на тој начин го елиминираа ланскиот финалист.

Но она што денеска е во центарот на фудбалската јавност е поништениот гол на Алваро Мората.

Шпанецот го даде првиот гол на дуелот во корист на својот тим во 23-тата минута од натпреварот, но погодокот не беше признат поради офсајд.

Иако Јувентус сепак поведе со 2:0 само 5 минути потоа, навивачите и раководството на Јувентус ја покажуваат ситуацијата како клучна во натпреварот и го обвинуваат судијата Јонас Ериксон дека ги оштетил.

Еве ја ситуацијата па проценете сами дали имаше офсајд…

Прегледи:
466
Објавено на:
17.03.2016