Младата кумановка Мартија Станојковиќ уште од почетокот на оваа сезона на шоуто важи за фаворитите.
Во последната епизода на „Пинкови ѕвездички“, 11-годишната пејачка го изведе хитот „Тешко без тебе“ на Тамара Тодевска.
Жирито не ги криеше своите симпатии кон настапите на Мартија, која ја изведе и „Make it rain“.
Со пет подигнати столови, овации и лавина од позитивни коментари таа обезбеди директен пласман во седмиот круг.
Погледнете го видеото :