Револуционерно откритие направил јапонскиот научник Казауе Јамагаши. Со помош на неговото откритие, пастa за заби, многу брзо и безболно сe затвараат дупките и пукнатините на забите, отстранува каменец, а исто така, и го обновува забниот глеѓ без интервенција на стоматолог, пренесува британскиот весник The Daily Telegraph.
По својот состав оваа паста е слична на забниот глеѓ и може да се нанесува дирекно на пукнатината на забот.
Материјалот е добиен како резултат на експеримент со хидроксил апатитом – глвна компонента на забите.
Супстанцата, која се содржи во пастата, на почетокот малку ја раствара површината на напукнатиот глеѓ. По 3 минути, се кристализира и вештачкиот материјал и цврсто се вградува во структурата на природниот глеѓ.
Освен тоа, ова е и одлично антибактериско средство.
Спроведените тестови, на јапонските стоматолози покажуваат дека забот, лечен со оваа постапка, по ништо не се разликува од здравиот. Разлика не се приметува, дури ниту под микроскоп.