Категории

Ако сте почнале да се откажувате од вашите соништа, прочитајте го ова…

Кога сте млади и за прв пат го напуштате вашиот дом, ви се чини дека слободата ве зела во прегратка и заедно сте скокнале од карпа. Тоа е чувство на летање, без страв дека ќе треснете од земја или во студена вода, со ненадеен шок за вашиот систем. Спуштањето не е ништо друго туку далечна мисла, оддалечена цел универзум. Во моментов, вие летате.

Можеби ова чувство е поврзано со от. Или со првиот стан во кој ќе живеете сами. Можеби е нешто сосема друго, но тоа е слобода која вие цврсто сте ја зграпчиле со двете раце, како исплашено дете кое се држи за својата мајка, првиот пат кога ќе излезе во непознатиот надворешен свет. Можеби во оваа споредба има доза иронија. Веројатно не сте размислувале така во тоа време. Едноставно сте го живееле градот, сте го вдишувале животот. Чад, мистерија, звуци, опасности, сè е возбудливо, а вие сте млади, светот постои за да го освоите и можете да бидете сè што ќе посакате.

Замрзнете го тој момент во вашата глава. Првиот момент кога вистински сте се почувствувале слободни. Очекувањата, идеите, нештата кои мислите дека ви се предодредени. Дали се сеќавате на чистата, незагадена среќа? Одлично. Чувајте го тој спомен засекогаш.

Целосната слобода носи одговорност. Одеднаш вие сте тие кои ги поставуваат правилата. Одеднаш вие сте одговорни за животот кој никогаш не помисливте дека ќе тргне во погрешна насока. Одеднаш целиот свет се движи побрзо отколку што вие очекувате. Одеднаш сфаќате дека не сте подготвени. Одеднаш сè излегува од контрола и сакате сè да сопре.

Но. не запира. Светот не запира за никого. Нема да запре ниту за вас.

Тажно е што мора да го запаметите сето ова, но навистина е важно. Бидејќи детето е сè уште некаде длабоко во вас, криејќи се во собата за паника која сте ја направиле во вашето срце. Истото дете кое ги имаше сите тие соништа, соништа кои ви биле на дофат во моментот на слобода, што скоро и сте можеле да го почувствувате успехот.

1 2

Прегледи:
650
Објавено на:
21.03.2016