Категории

Најефикасна диета: 20 дена јадеш, а слабееш

Оваа диета се состои од циклус од дваесет дена во кои денови се јаде во 2 точно определени оброка. Нивното количество не е ограничено. Тоа што морате да го запазите е по завршувањето на еден диетален циклус од 20 дена мора да се направи пауза од еден месец. По завршувањето на месецот можете повторно да продолжите со диеталниот циклус од 20 дена.

Оброците консумирајте ги  во растојание од минимум 6 часа. На пример: Првиот во 10 часот, а вториот околу 17 часот.

1 ден – Макарони со сирење или јогурт по ваш вкус, варени или печени.

2 ден – Ориз тава или пилав. Можете да го јадете во комбинација со сирење или јогурт.

3,4 и 5 ден – Пилешко месо со салата, варено или печено на скара без маснотии.

6,7 и 8 ден – Телешко месо со салата. Месото нека биде варено.

9,10 и 11 ден – Риба со салата, подготвена по ваш вкус. Печена во фолија или туна од конзерва, но не во масло, туку во вода.

12,13 и 14 ден – Зрнест зеленчук, грав, грашок, леќа или боранија подготвени како чорби.

1 2

Прегледи:
1638
Објавено на:
21.03.2016