Од секогаш мислев дека не постои некој како мене, некој кој ќе ме надополнува мене а јас него. Сите тие гласови во мојата глава исчезнаа кога го запознав него. На почетокот мислев дека би можел да ми биде само далечен пријател, беше многу убав, посебна убавина каква што немаа видено моите очи досега, сигурно срцето пак ги вмешало прстите кај што не треба. Не си давав надеж на самата себе затоа што не сакав да тагувам, да бидам повредена, немаше простор за такви фантазии. Колку што повеќе го запознавав толку повеќе ме опишуваше мене, мислев дека тоа е привремено дека само тоа така го вели, а всушност тој е моја копија или пак јас бев негова копија не сум сосема сигурна.
Секогаш кога ќе кажеше така и така мислам за тоа јас само ќе речев и јас исто. Секое “И јас исто и јас исто” не привлече еден кон друг, не зближи, изгледаше како едно цело. Никој од нас двајца не се осудуваше да признае дека си значиме еден на друг и дека тоа е силно. Мислевме дека ќе се повредиме самите себе, не би ни требало залудна надеж. Сето наше минато од кое имавме непријатно искуство мислевме дека ќе се отслика повторно, дека повторно ќе ги држиме нашите предадени души во рацете и ќе се прашуваме каде згрешивме, дали ние сме виновни за ситуацијата во која се наоѓаме.
Сепак се охрабривме и си признавме. Ги отворивме душите на начин на кој не сме се ни помислиле, не ни беше проблем да ги отвориме знаевме дека ниту јас нему ќе му судам ниту тој мене. Зошто? Затоа што бевме исти.
Посакувам да остане во мојот живот,посакувам никогаш да не го изгубам на било каков начин. Од секогаш го сакав тоа, некој како тебе, некој кој ќе ме разбира, сега нема да дозволам толку лесно да го изгубам.
Белешките на : Катерина