Господин Тарнер заедно со своите синови ги направил најскапите колбаси на светот, и тоа корисејќи навистина квалитетни намирници.
Овие специјални колбаси содржат месо од мангулица, една од најретките свињи којашто дава најквалитетно месо, и тартуфи, најскапите и најретки печурки на светот.
Месото на мангулица има за 75 отсто помалку штетен холестерол од обичната свиња, и е двојно помалку мрсно од пилешкото и јунешкото месо.
А ако се прашувате за цената, таа изнесува неверојатни 700 долари за килограм, што ако се земат предвид цените на намирниците, е сосема оправдана! И секако дека би сакале да го пробаме вкусот на овие луксузни колбаси.
https://www.youtube.com/watch?v=3_lQM3g7BOw