Категории

Неколку знаци дека сте вистинската за него

Меѓусебната поддршка и разбирање се важни во секоја врска. Но постојат неколку детали според кои можете да заклучите дека вашата врска е вистинскиот пат.

# Можете да поминете цел ден заедно, без да правите нешто…дури ни да зборувате. Можете да ги читате во тишина вашите омилени книги или да се одмарате во некој парк. Тоа што сте заедно е доволно само по себе.

# Секогаш успевате да го насмеете…можеби не сте најдуховитата личност на светот, но умеете да го насмеете и кога не ви е до смеење.

# Го разбирате кога има криза…имате разбирање еден за друг кога сте под стрес и се обидувате заедно да ги надминете проблемите.

# Во добри односи сте со неговото семејство и пријателите…не треба да бидете најдобри пријатели, но важно е да можете да поминете неколку часа во пријатна атмосфера.

# Ви ги препишува заслугите за своите успеси…тоа е така бидејќи чувствува дека го правите подобра личност. Не си вршите притисок еден на друг и си давате поддршка.

# Ве сака бидејќи со вас запознал и испробал нови нешта…засакал животни, пробал тајландска кујна и дознал која е Тејлор Свифт.

# Не можете да ги тргнете рацете еден од друг…едноставно уживате кога се гушкате или држите за рака.

Прегледи:
330
Објавено на:
24.03.2016