Категории

ВО БОГДАНЦИ, БРАТЧЕ СВИРИ ВИОЛИНА И СОБИРА ДОНАЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА СЕСТРА СИ

Продолжуваат напорите на семејството Прочкови од Богданци за да ги соберат потребните средства за лекување на деветгодишната Ивана која треба да се оперира во Германија.

Братот Никола неодамна во своето училиште на виолина свиреше хуманитарен јавен час за донирање средства. Изведе неколку дела а беше придружуван на клавир од својата професорка.

Како што информираше Канал ВИС, Ивана има искривување на рбетниот столб кај вратот од 51 процент и е потребен оперативен зафат во Германија за што се потребни околу 58 илјади евра. Хуманитарен концерт за помош на малата Ивана одржа и фолклорниот ансамбл Мегдан од Богданци. Семејството Прочкови верува во хуманоста на луѓето за што се отворени и телефонските броеви за донирање

телефони за донации ( цена на повик 100 денари)

070 143 181

075 143 850

077 143 704

bravo srce na tato

Posted by Timo Prockov on Thursday, March 17, 2016

Прегледи:
490
Објавено на:
25.03.2016