Категории

Што зборуваат подочниците за вашето здравје?

Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрезите, анемија, последици од стрес, кардиоваскуларни болести.

Подочниците често се сигнал кој упатува на тоа дека во организмот постои некој проблем или нерамнотежа. Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрезите, анемија, последици од стрес, кардиоваскуларни болести, но и изборот на храната игра голема улога во настанувањето на подочниците.

Подочниците се разликуваат според пигментираноста, силата на темната боја, потеченост, а во некои случаи подочниците се појавуваат поради губење на масното ткиво кај образите или како комбинација од сите овие горе наброени причини.

Подочниците најчесто се показател за немање на доволно количество вода и создавање на масно ткиво околу очите, а доколку се темни станува збор за зголемен проток на крвните садови во ткивото.

Доколку се темни и се задржат неколку месеци околу очите, подочниците се претвораат во темни кесички, а тогаш треба да ја проверите крвната слика. Анемијата е еден од честите причини за создавање на темни кесички под очите, особено ако патите од чести главоболки, замор, лоша концентрација и слабо помнење.

Подочниците укажуваат и на проблеми на работата на бубрезите и задржувањето на вишокот течност во организмот.

И оние кои се алергични на полен имаат проблем со подочниците.

Прегледи:
378
Ознаки:
·
Објавено на:
26.03.2016