Категории

“Немам време”…

Мислеше дека го сакам толку што нема да заминам никогаш и покрај се, но го напуштив како да не сум го сакала никогаш, ладнокрвно и без да се свртам назад.

Го знаете ли она чувство кое ви кажува дека нешто не е во ред?

Тоа исто чувство зборуваше со мене уште на почетокот на нашата врска, дека тоа не е во ред, тој не е во ред, но јас го занемарував правејќи се дека се е во ред, кога ништо не чинеше.

Бакни ме, не е културно.

Фати ме за рака, се срамам!

Гушни ме, тука ли? Те сакам!

… Зарем треба се уште да објаснувам? Кога се сака се наоѓа начин, но тој секогаш наоѓаше изговор, па затоа кога јас не можев да најдам начин да го променам, го применив неговото однесување, најдов изговор.

Изговор кој беше толку банален што го јадеше оној неговиот, клишето “Немам време”…

Прегледи:
431
Објавено на:
27.03.2016