Тој почнал да игра фудбал кога имал само две години, а очигледно таа одлука му се исплатела. Имено, Кристијано Роналдо само во изминатата година заработил 79,5 милиони евра, од кои 52,6 милиони е неговата годишна плата, а 27 милиони се екстра бонуси и спонзорски договори.
Според некои истражувања тој заработува неверојатни 6.583.000 месечно, што значи дека заработува околу 219.434 долари дневно – односно секој час неговата сметка е побогата за 9.143 долари.
Па така, за една секунда Роналдо заработува 152,38 долари без оглед на тоа дали спие, јаде или ужива во друштво на пријателите, или игра фудбал.
Тој има потпишано договори со брендовите како што се TAG Heuer Motorola, Emporio Armani, Nike, Jacob & Co KFC, Coca-Cola, Castrol, Konami, Banco Espirito Santo, Samsung, Monster Roc, Sacoor Brothers, а е сопственик и на модниот бренд CR7, што секојдневно му ја зголемува неговата енормна заработка.
Ајде да видиме колку време му треба на Роналдо да заработи за некои одредени работи за кои луѓето ширум светот само може да сонуваат.
Приватен остров: Роналдо би требало да работи само 15 дена за да си купи себе си луксузен приватен остров.
AUDI R8 plus: Потребен му е само еден ден за да си го дозволи AUDI R8 plus, кој чини 209.000 долари. Роналдо е голем вљубеник во автомобилите и веќе поседува завидна колекција на автомобили на која има потрошено неверојатни 4.912.000 долари, а сумата која ја издвои за последниот автомобил, Bugatti Veyron, изнесува 1.700.000 долари.
Машко одело “R.Jewels” украсено со дијаманти: За ова одело Роналдо би требало да се потруди малку повеќе. Па така, тој би морал да работи цели четири дена доколку сака да поседува одело од неверојатни 847.000 долари. Но, тој сепак се носи нешто поскромно – одело од 800 долари од брендот Sacoor Brothers, чие заштитно лице е тој.
McBook Air: Овој лаптоп Роналдо може да го заработи за само 10 секунди.
Златен iPhone 6: Овој телефон чини 3.390 долари, што значи дека на Роналдо му се потребни 20 секунди за да го заработи. Но, Роналдо воопшто не мора да се труди за ова. Имено, тој поседува и златна футрола за iPhone 6, која специјално за него ја изработи шведската компанија Golden Concepts, која вреди повеќе од 6.000 долари.
Златен Apple Watch: За да го обезбеди овој златен уред, кој чини 19.000 долари, Роналдо би требало да работи нешто помалку од два часа. Но, Роналдо очигледно не го фасцинираат овие часовници, бидејќи е амбасадор на брендот TAG Heuer уште од 2014 година, а пред извесно време беше направен и Smart Watch TAG Heuer Connected специјално дизајниран од страна на самиот Роналдо.