Не верувате дека мачките имаат терапевтска моќ? Тула и Ирис ќе ви го покажат тоа со нивната приказна.
Тула е мачка од расата меин кун, кои се познати како интелигентни животни, а судејќи според начинот на кој таа и помага на Ирис, можеме да се увериме во тоа. Ирис Картер Џонсон е аутистично девојче кое има неверојатен талент за цртање, но сепак и е потребна помош за остварување комуникација.
Семејството на Ирис размислувало да земе терапевтско животно, како трениран коњ или куче, кое ќе и биде партнер и ќе и помага во секојдневието. Потрагата по терапевтско животно не била лесна, а пред да се откажат од потрагата, забележале дека Ирис лесно се поврзува со мачки.
Тула не е тренирано терапевтско животно, но во овој случај се покажа како одличен партнер. Таа сака да прави се со Ирис, да игра, да спие, патуваат и јадат заедно, дури и помогнала за говорот. Очигледно е дека мачката го обожава малото девојче и неверојатно е што може да сторат животните.