Категории

Турскиот шармер Бали Бег доаѓа во Србија на 6 април

Турскиот актер  Бурак Озџавит доаѓа во Србија на 6 април, а на радост на сите жени кои го заскакаа овој шармер во серијата „Сулејман Величетствениот“ тој во српската престолнина доаѓа без свршеницата Фахрие Евџен.

Како што пренесуваат српските медиуми  картите за неговиот  филм „Мој брат“ биле распродадени за рекордни 45 минути. Една девојка која чекала во редица, се онесвестила од возбуда  па пријателите од „Културниот центар“ едвај успеале да ја повратат.

Бурак во среда ќе пристигне во Нови Пазар, а со него ќе дојадат и влијателни луѓе од турската филмска индустрија. Тој во раните утрински часови ќе слета во Приштина, од каде ќе се упати за Нови Пазар.

-Тој е сота скромен и не барал нешто посебно. Единственото барање му било хотелот во кој ќе престојува да биде затворен само за него. Додека тој престојува во него, никој друг нема да биде во хотелот. Тоа беше еден од неговите услови – изјавил извор за српските медиуми.

Прегледи:
503
Објавено на:
02.04.2016