Лошите периоди не можат да бидат избегнати. Тие постојано се случуваат, но тие не прават посилни и помудри. Иако тоа можеби не можеме да го видиме во моментот, по некое време, кога болката ќе избледи, со насмевка се сеќаваме на тие болни периоди кои сме мислеле дека не можеме да ги надминеме, а сепак денес сме тука каде што сме, среќни, позрели и станавме луѓе кои цврсто газат со две нозе на земја.
Сепак, не е лесно да се поминува низ тежок период. Кога ќе поминувате низ лош период, имајте ги овие мисли при рака, секогаш ќе ве охрабрат и ќе ве мотивираат да издржите!
„Тешките времиња кршат некои луѓе, но затоа други луѓе ги прават посилни. Ниту една секира не е доволно остра за да ја пресече душата на грешникот кој се обидува, душата на оној кој има надеж дека ќе се воздигне на крајот.“ – Нелсон Мандела
„Животот не треба да биде пат кон гробот со намерата да се стигне безбедно во убаво и добро сочувано тело, но наместо тоа треба да појави во облак од дим, сосема уморен и истрошен и гласно велејќи „Оу, човече, какво возење!“ – Хунтер С. Томпсон
„Некои луѓе никогаш не полудуваат, којзнае колку им е ужасен животот.“ – Чарлс Буковски
„Дадена ти е само една искра на лудило. Не смееш да ја изгубиш.“ – Робин Вилијамс
„Завршувај го секој ден и немој повеќе да го мислиш. Си направил тоа што си можел. Некои чудни работи и апсурдности се случиле, заборави ги што е можно поскоро. Утре е нов ден. Ќе почнеш одново, искрено и со предобро расположение кои ќе ги надмине твоите претходни будалаштини.“ – Ралф Валдо Емерсон
„Секогаш кога зад себе оставаш пораз, тоа значи дека одиш кон подобро. Ако мислиш дека се што си направил било добро, најверојатно не си толку паметен.“ – Луис Си Кеј
„Среќата може да се најде дури и во најмрачните времиња, ако на човек му текне да го запали светлото.“ – Џ.К. Роулинг
„Ако проаѓаш низ пекол, продолжи да одиш.“ – Винстон Черчил
„Никогаш немој да мешаш пораз со конечен пораз.“ – Ф.Скот Фицџералд
1 2