Чувајќи ја енергијата ние се заштитуваме себе, природата, животните и растенијата.
За таа цел ние ви нудиме неколку корисни совети за рационално користење на енергијата. Прочитајте и дознајте многу едноставни, често бесплатни или многу ефтини начини со кои ќе постигнете најголемо енергетско и парично штедење.
Греење
Секој степен е заштеда од 5% при пресметување на струјата.
- Намалете ја температурата на термостатот за греење кога одите на спиење или сте отсутни од домот.
- Користите тајмери за вклучување во време кога струјата е најефтина и сензори за светло кои се палат само кога е некој присутен.
- Затворете ги вратата, прозорците и секаде поставете гумени дихтунзи за изолација, а тоа ќе ви исплати уште со првата сметка за струја.
- Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите за да го намалите одлевањето на топлината во текот на ноќта, а отворете ги во текот на денот за да ја искористите сончевата топлина.
- Загревајте ги само просториите во кои престојувате.
- Инвестирајте во прозори со вакум, со дупло стакло.
- Ако е премногу ладно размислувајте и за ставање на стиропор или картон преку прозорското стакло
- Изолираниот ѕид штеди 30% од енергијата
- Садете дрвја како штити од прегревање или од ладните ветрови. Ползавците во текот на летото ладат, а во текот на зимата ја загреваат куќата
Осветлување
- Изгасете го светлото во споредните простории
- Користете сијалици со различна јачина за различни потреби
- Користете сијалици со економична потрошувачка (мини-флуоресцентни, електро-луминесцентни), бидејќи трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго
- За надворешното осветлување користите фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави некој
Подготвување на оброци – шпорет
- Користете експрес лонец бидејќи тој го намалува времето на готвење од 1 час на 10 минути
- Експрес лонецот штеди енергија, време, пари и ги чува хранливите состојки во храната
- Ставете капак на садот во кој готвите, бидејќи на тој начин се намалува потребното време и потребната струја за готвење и се зачувува вкусот на храната
- Користете ја онаа рингла која е со иста големина или помала од садот за готвење
- Користете ги сите нивоа на рерната за да подготвите повеќе јадења одеднаш. На тој начин заштедувате време, струја и пари.
- Не ја отварајте рерната додека готвите, бидејќи ја ладите и го продолжувате потребното време-користете го контролното светло на рерната.
Фрижидер
- Не ставајте топли јадења во фрижидерот.
- Не го отварајте премногу често.
- Чистете го фрижидерот од мраз и ако е потребно променете ја гумата на вратата.
- Проверете го термостатот: фрижидерот најефикасно работи ако температурата е подесена помеѓу 3от и 5от степен, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
- Избришете ги водените капки од шишињата и садовите пред да ги ставите во фрижидер.
- Не го поставувајте фрижидерот пред радијатор, шпорет и други извори на топлина бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура.
Машина за миење на садови
- Машината за миење на садови троши помалку електична енергија од рачното миење со топла вода од бољерот.
- Машината за миење на садовите троши повеќе енергија за сушење отколку за миење на садовите.
- Не користете вода од проточен бољер бидејќи тој троши повеќе од обичниот.
Бојлер
- Најмалку бигор се собира на грејачот на бојлерот ако тој е подесен на 60 степени.
- На секои 18 месеци исчистето го бигорот од грејачот.
- За едно капење во када се троши топла вода како за три туширања.
- Исклучете го бољерот кога го напуштате станот подолго од еден ден.
Машина за перење
- Машината за перење најмногу троши на 95 ° С
- Вклучете ја само кога е полна
- Користете кратки програми за перење
- Не ставајте премногу прашак за перење, бидејќи премногу прашак го отежнува перењето и бара дополнително плакнење.
Пеглање
- Пред пеглање сортирајте ги алиштата според температурата која е потребна за одреден вид на облека.
- Алиштата пред пеглање не треба да бидат ниту премногу влажни ниту премногу суви, бидејќи тогаш пеглањето трае неспоредливо подолго.
- Прво пеглајте ги оние алишта за кои е потребна пониска температура.
- На крај исклучете ја пеглата и допеглајте го остатокот со исклучена пегла.