Категории

Најскапите патики на светот чинат 4 мил. долари! (видео)

Луксузниот моден бренд Bicion и производителот на патики Mаche Custom Kick во соработка со дизајнерот Дан Гамаче, со заеднички сили ги направија овие патики и ги нарекоа “The Fire Monkey” или “Огнен мајмун”, според кинескиот зодијак и знакот во којшто се наоѓа оваа 2016-та година.

Секако, патиките се толку многу скапи, не затоа што се супер-удобни, или што и да е, иако со сигурност се, туку затоа што се обложени со 18-каратно злато, бели дијаманти и сини сафири. И да, секако, веднаш се впишани во Гинисовата книга на рекорди како најскапи патики на светот.

s2

Добра вест е дека оние коишто ќе одлучат дека “мора” да трчаат токму во вакви патики, своите пари ќе им ги донираат на сиромашните, бидејќи целата заработка од продажба на овој производ оди во непрофитната организација Soles4Soles, којашто се бори против сиромаштијата во светот!

https://www.youtube.com/watch?v=vDVwJaBoFNs

Прегледи:
773
Објавено на:
04.04.2016