Категории

Од продавање лимонада до бизнис вреден 11 милиони долари

Микаила Улмер од САД изгради царство вредно 11 милиони долари, благодарение на обичната лимонада. За приказната да биде уште поневеројатна, Микаила има само 11 години.

Првично малата бизнисменка го користела рецептот за правење лимонада од својата баба за хуманитарни цели, но подоцна, проектот прераснал во сериозен бизнис.

„Кога имав четири години во една недела двапати ме каснаа пчели. Тоа воопшто не ми се допадна и многу се плашев од нив. Сепак, затоа почнав да ги проучувам и дознав дека тие се многу важни и за нас и за нашиот екосистем. Размислував дека со помош на рецептот на мојата прабаба Хелен, можам да им помогнам на пчелите“ – изјави Микаила за американските медиуми.

Нејзината лимонада е заблажена со домашен мед, а во почетокот ја продавала на локалните манифестации и во блиските пицерии, додека заработката била наменета за организациите кои работат на заштита на пчелите.

lokeidss

Својата лимонада со мед ја крстила BeeSweet. Во моментот на пазарот има четири вкусови: минт, ѓумбир, леден чај и со вкус на кактус.

Инвеститорот Дејмонд Џон ја забележал интересната идеја на Микаила, па таа добила 60.000 за почетната инвестиција, а сега потпишала договор вреден 11 милиони долари со ланецот Whole foods.

Нејзините сокови сега ќе се продаваат во 55 продавници низ Тексас, а пакетот од четири вкусови чини околу 17 долари.

Малата бизнисменка дел од својата заработка ќе искористи за пријателите со слични идеи.

Прегледи:
621
Објавено на:
06.04.2016