Категории

Тајните зад најпознатите 5 магични трикови

Доколку отсекогаш ве фасцинирале перформансите на илузионистите, тогаш погледнете ги следниве 5 популарни трикови и тајните зад нив. Сигурно веќе добро знаете дека најважниот дел од магичната точка е токму изведувањето и одвлекувањето на вниманието од важните делови, со цел да се залажат очите на публиката дека станува збор за вистинска магија, а не за трик со кој се создава илузија. Па, како им успева?

1. Извлекување зајак од шапка

За да го направите овој трик, ќе ви биде потребен зајак, маса прекриена со чаршаф, парче тврд материјал и висока шапка. Земете го парчето црн материјал и врзете ги сите 4 краеви, лабаво. Потоа ставете го зајакот во импровизираната вреќа која ќе ја закачите на кука под масата која ќе биде пред вас за време на настапот. Чаршафот треба да биде наместен така што нема да се гледа вреќата со зајакот. На почетокот од вашиот перформанс, покажете ја шапката на публиката со цел да им докажете дека нема ништо во неа.

Следно, ставете ја шапката на маса, со нејзиниот отвор врз површината на масата. Е сега доаѓа најважниот дел од трикот. Со помош на лесни движења со рацете, подигнете ја капата набрзина и вметнете ја вреќата во неа. За да го одвлечете вниманието на публиката, раздвижете се околу масата со цел да им покажете дека не правите ништо сомнително и потоа вратете се назад, земете ја шапката во вашите раце и покажете им го зајакот на публиката.

2. Чад кој излегува од вашите прсти

2-tajnite-zad-najpoznatite-5-magichni-trikovi

Земете кутија за кибрит и отсечете ја едната страна која помага при палење на чкорчињата. Одделете го делот кој се пали од картонот и оставете ја само едната линија наменета за запалување чкорчиња. Превиткајте ја на половина и запалете ја. Дозволете ѝ да изгори, а потоа ослободете се од неа и соберете ги малите остатоци од запаленото.

Тоа што ќе остане е всушност фосфор, и клучната тајна за вашиот трик. Нежно нанесете го на палецот и показалецот и сè што треба да направите е да ги протриете вашите прсти со цел да се појави чад. Откако ќе завршите со настапот, не заборавајте да ги измиете вашите раце!

3. Виткање лажица

1 2

Прегледи:
813
Објавено на:
08.04.2016