Категории

Вистини и заблуди за газираната вода: Дали е лоша за здравјето?

Газираната вода е нешто што повеќето луѓе секојдневно го консумираат. Во секој случај подобро е да се пие газирана вода отколку газирани сокови, бидејќи тие содржат вештачки засладувачи и бои. Но, постојат многу вистини и заблуди за оваа вода, па веќе не знаеме во што да веруваме. Следните митови се добиени како резултати од истражувања:

МИТ: Меурчињата не хидратизираат

Според зборовите на д-р Сузан Гарган од универзитетот во Јужна Каролина, меурчињата од минералната вода не го спречуваат хидратизирањето на организмот. Дури и едно истражување покажало дека по интензивниот тренинг, газираната вода ја надополнува изгубената вода на ист начин како и негазираната вода.

МИТ: Лоша е за забите и коските

Газираната вода може да ја уништи забната глеѓ, но само ако се пие во големи количини.

МИТ: Дебелее

Вистината е дека сите тие меурчиња предизвикуваат надуеност, но тоа е привремено и долгорочно дури добро. Научниците утврдиле дека газираната вода може повеќе да заштити од обичната, особено на празен желудник. Што повеќе се чувствувате сити, тоа помалку ќе грицкате нешто. Но, избегнувајте ја газираната вода со вкус и засладувачи.

МИТ: Предизвикува киселини

Ако сте склони кон киселини треба да ја избегнувате храната која ви предизвикува киселини, а не минералната вода. Но, ако патите од желудочна киселина, меурчињата може да ја влошат ситуацијата.

Прегледи:
470
Ознаки:
Објавено на:
08.04.2016