Бебето Леополд од Сиетл има ретко пореметување кое се вика албинизам окулокутанеос, поради кое не гледа добро од раѓањето.
Кога мајка му му стави наочари, тогаш за прв пат прогледа како што треба. Најпрво разгледа наоколу, кога ја погледна неа, лицето му се развлече во најширока насмевка.
Овој момент таа го снимила со мобилен, а видеото го сподели на социјалните мрежи. Момчето веднаш собра бројни симпатии и ги освои срцата на луѓето ширум светот.
Личностите кои патат од ова пореметување немаат пигмент во шареницата на окото, поради што се чувствителни на светлина и имаат оштетен вид.