Новиот куфер има вграден полнач за електронски уреди, држач за таблет, ГПС, тркала кои се прилагодуваат на секаков вид на терен и собра четири милиони долари на Кикстартер.
Нета Шалги, иноватор на G-RO куферите, наведува дека до оваа идеја дошол за време на студиите во Универзитетот во Лапонија кога на патувањата се соочувал со голем број тешкотии.
Шалги сакал да создаде патнички куфер, кој ќе издржи секаков предизвик, така што во предвид зел голем број фактори, како долго носење на багажот или ракување со багажот со ракавици на рацете.
Најголем адут се тркалата кои според зборовите на G-RO претставникот, претставуваат прва голема иновација на полето на дизајнирањето багаж во последните 30 години.
За жал овој куфер нема да биде многу евтин кога ќе се појави на пазарот, ќе чини 499 долари, пишува „Дејли Мејл“.