Категории

Вардарки по трет пат во полуфиналето на Лигата на шампиони

Женскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар по трет пат во низа ќе биде дел од завршницата на Лигата на шампионки.

Вардарки, иако попладнево на гостувањето кај норвешката екипа Ларвик го загубија реванш четвртфиналниот меч со 28:26, сепак црвено-црние благодарение на убедливата победа во првиот меч во Скопје со 14 гола разлика (34-20), обезбедија пласман во полуфиналето на елитното натпреварување.
Таму, пак, вчера место обезбедија и екипите на Ѓер и СЦМ Букурешт, додека последниот патник ќе биде познат вечерва по одигрувањето на дуелот Будуќност – Баја Маре во кој актуелните европски шампионки Будуќност ќе имаат пет гола предност  од првиот меч во Романија (29-24).
Жрепката за Фајнал-фор турнирот, кој ќе се игра 7 и 8 мај во Будимпешта, ќе се одржи во петок (15 април) во Будимпешта со почеток од 11 часот.
Прегледи:
537
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
10.04.2016