Категории

Видео: Даниел Кајмакоски вечерва ја запали бината во “Твоето лице звучи познато”

Даниел Кајмакоски е македонскиот претставник во овогодинешното издание на „Твоето лице звучи познато“. Дека покрај талентот за пеење, поседува и дар за имитација, веќе покажа и дури и однесе една победа до сега, но вечерашниот настап беше изненадување дури и за неговите најверни фанови.

Даниел го имитираше Тил Линдеман, вокалот на германскиот бенд “Рамштајн” со изведбата на песната “Benzin”. Токму како на настапите на оваа германска индустриал метал група, така и тука на сцената на ТЛЗП, Даниел се појави со пламенофрлачи што малку и ги исплаши членовите на жирито, меѓу кои и Лепа Брена. Во продолжение погледнете го целиот негов настап заедно со коментарите на жирито :

DANIEL KAJMAKOSKI | Rammstein – BenzinDANIEL KAJMAKOSKI | Rammstein – Benzinтвоето лице звучи познато – трета сезона10 април 2016

Posted by Gledy Network on Sunday, April 10, 2016

Прегледи:
539
Објавено на:
10.04.2016