Категории

Тема за пролетните свадби – Декорации со црешови цветови

Пролетта е можеби најубавото годишно време за прославување на љубовта. Пријатно топло, сончево и цветови во цут, што повеќе би можеле да посакате?

Една од најубавите инспирации за пролетна свадба е токму убавиот розов цут на црешите.

Тие се префинети, нежни и елегантни, токму како што треба да изгледа една свадбена церемонија од соништата.

Црешовите цветови се креативна инспирација за изработка на поканите за свадба, декорациите на масата, китенките, бидермаерот, свадбената торта и секако, изгледот на невестата.

Сите вие кои ќе застанете пред олтарот оваа пролет, инспирирајте се и останете вљубени:

Прегледи:
2944
Објавено на:
12.04.2016