Џо Викс (30) е Инстаграм ѕвезда од Лондон благодарение на програмата за исхрана која ја патентираше.
Меѓутоа, тој инсистира дека целта не му е да заработи многу пари, туку да им помогне на другите да бидат здрави и да изгледаат што подобро.
“Никогаш не сум сфаќал како може да се заработат пари од Инстаграм. Само сакав да им помогнам на луѓето. Но, отсекогаш сум имал визија дека еден ден ќе создадам глобален бизнис. Искрено верував дека тоа ќе се случи и кога никој друг не веруваше. Сега заработувам милион фунти месечно и кога го кажувам тоа, звучи неверојатно. Но, 500 луѓе секојдневно се пријавуваат за мојот план за диета и работата расте”, вели тој.
Неговиот план на исхрана се вика “Shape, Shift and Sustain”, а неодамна истакна дека му се јавиле две жени кои после практикувањето на неговата диета затруднеле.
“Една жена ми пријде и ми рече дека со месеци пробувала да остане бремена. Го следела планот и буквално после тоа затруднела. Фантастично е тоа дека кога сте здрави и јадете како што треба, вашето тело е подготвено за бебе”, истакнува Џо.
Во неговата диета нема изгладнување и ригорозни забрани. Тој промовира големи, но здрави оброци кои можат да се подготват за само неколку минути.
Џо верува дека луѓето конечно сфаќаат дека губењето на килограми не е само скратување на калориите.
“Поголемиот дел од девојките, на кои најмногу сакам да им помогнам пробуваат да согорат калории. Практикуваат диети со малку калории, поминуваат часови во теретаните и понатаму не гледаат резултати. Да е така едноставно јас постојано би бил во форма, но не е – на телото му е потребна енергија”, истакна овој секси гуру.
“Мојот пристап е ефективен затоа што во него се ужива, немате чувство дека сте на диета, бидејќи храната е вкусна и може да се јаде во големи количини”, заклучува тој.