Категории

Знаци кои покажуваат дека веќе не го сакате оној со кого сте во врска

Ако по одредено време започнат да ви се вртат некои прашања низ глава, можеби е вистинското време да ги согледате реално работите и да откриете дали навистина го сакате вашиот партнер.

Да се биде со погрешна личност во врска е измачувачки и за двете страни. Не е убаво тоа да си го правите ниту на себе ниту на другата личност.

Најдобрата одлука понекогаш е токму раскинувањето.

Дали сте со вистинската личност или не?

Кога сте со некого поминувате многу време со таа личност и немате време кога да се запрашате дали таа личност е вистинската за вас или не. Во моментот кога ќе ви пролета ова прашање низ глава знајте дека тоа е првиот знак дека не сте со вистинската личност.


Размислувате како да се справите со она што не го сакате кај личноста

Си размислувате дека има работи кои ги сакате и работи кои не ги сакате, па смислувате начини како да се справите со тие кои не ги сакате. Планирањето да се справите со нештата кои не ви се допаѓаат кај личноста значи дека не ја сакате доволно и не сте подготвени да се соочите со нејзините маани.


Што губите?

Времето кое можете да го поминете со пријателите, независноста и можноста да запознаете некој друг. Кога ќе почнете да размислувате дека го губите балансот, тоа е уште еден показател дека веќе не го сакате партнерот.


Љубовта веќе не она што се надевавте дека ќе биде

Љубовта не е она што очекувате да биде, но најчесто е подобра од очекувањата. Ако вие не се чувствувате толку добро во врската, тоа е уште еден лош знак. Љубовта за која вреди да се обидувате, секогаш ги надминува вашите очекувања.


Што другите мислат за вашата љубов

Сосема е нормално да ве заинтересира како изгледа вашата врска од страна и да слушнете трето мислење, но вашата врска да се базира на она што другите мислат – тоа не е во ред. Ако дошло до тој степен, значи дека личноста со која сте во врска не ви значи ништо.


Што зборувате вие, а што прашува тој

Што правите кога разговарате, се концентрирате на она што партнерот се обидува да го сподели со вас или размислувате и се фокусирате на нешто лично?


Партнерот треба да стане подобар

Ако размислувате како партнерот треба да најде подобра работа или да го промени начинот на облекување, тогаш вие не го сакате. Не можете да ги менувате луѓето, можете да ги сакате такви какви што се.

Прегледи:
321
Ознаки:
·
Објавено на:
13.04.2016