Категории

Цукерберг нема Facebook како нашиот: Погледнете ја неговата специјална апликација

Неговата апликација се разликува според многуте можности во однос на онаа којашто е веќе одамна јавно достапна.

Марк Цукерберг при претставувањето на Facebook Live, новите можности коишто ги нуди прочуената друштвена мрежа, откри и како изгледа новата Facebook апликација на неговиот iPhone, како и што сè нуди таа.

Неговата апликација очигледно се разликува според многу можности во однос на онаа којашто е одамна јавно достапна. Се нарекува Facebook Yellow и е наменета за интерна употреба, но сепак ни открива што сè корисниците би можеле да добијат во блиска иднина.

Па така, во оваа верзија од апликацијата Facebook во внатрешноста на “What’s on your mind” менито постои опција за поставување на гиф-ови, слајдшоу презентации, музика и фотографии.

facebook-yellow-zuker-s-02

– Тоа мени го дизајниравме такашто би ги инспирирало луѓето како активностите на Facebook би биле уште повеќе динамични и забавни, изјавил портпаролот на Facebook за Business Insider.

Некои од тие можности се достапни и кај веќе достапниот Messenger, како што е на пример поставувањето на гиф-ови, но засега е невозможно истите да се вметнат само со еден клик. И иако сите овие опции можеби и нема да ни бидат достапни во идните верзии, видливо е во која насока се движи развојот на апликацијата Facebook.

Погледнете:

Прегледи:
454
Објавено на:
13.04.2016