Категории

Кога не треба да кажете “извини“

Да се извините кога сте згрешиле или сте го заборавиле роденденот на некоја блиска личност е сосема нормално, но многу од нас тоа го прават почесто од што е потребно.

Денес ви ги претставуваме неколкуте животни ситуации во кои никако не би требало да се извинувате…

1. За степенот на своето образование...тоа е ваш избор и исклучиво ваша работа.

2. За своите политички и верски ставови...секој од нас има право на свое мислење.

3. Кога ќе завршите добра работа или освоите нешто на некој натпревар...или со други зборови, никогаш немојте да се извинувате поради својот успех.

4. За туѓите постапки…без разлика дали е за член на семејството, пријател или колега, секој е одговорен за своето однесување.

5. За својот изглед...истото важи и за стилот на облекување, за шминкањето или омилената боја на косата. Вашиот изглед е ваша работа.

6. Кога сакате да бидете малку сами...разбирливо и понекогаш неопходно е да бидете малку сама без да има потреба да се извинувате.

7. Кога не се сложувате со нечие мислење…истакнувањето на својот став и начин на размислување, идеали и вредности на пристоен и ненавредлив начин никогаш не е погрешно.

8. За своите приоритети…ако ви е нешто важно, тоа значи дека е приоритетно. Без разлика што за другите не е така и што не го разбираат вашиот избор.

9. Ако не го знаете одговорот…човек учи додека е жив и никој не е толку паметен да ги знае сите одговори на сите прашања. Да се признае дека не знаете е навистина храбро.

10. Кога плачете…или кога ви се плаче.

Прегледи:
379
Објавено на:
13.04.2016