Категории

Архитектурата на Барселона која привлекува милиони туристи

Арт нуово (нова уметност) е стилски правец, кој се појави како реакција на академизмот и еклектицизмот, а ваквите знаменитости во Барселона се меѓу најпопуларните и тие годишно се посетувани од околу милион туристи.

Сепак отсекогаш не било така. Каса Мила (Ла Педрера) на Гауди во ’70-те години од минатиот век изгледаше тажно и кривулесто, а фасадата и беше изветвена. Тоа е станбена зграда во Барселона, која гледа на улицата Пасеиг де Грациа и е едно од клучните дела на Антонио Гауди.

Зградата е градена од 1905 до 1910 година, кога го доби и името Ла Педрера, што на каталонски значи „каменолом“, поради својата неправилна камена фасада, како природна карпа.

Оваа зграда е најпотполно дело на Гауди и врв на неговиот концепт на модерната архитектура. Таа претставува камена планина, направена од човечка рака со бројни неправилни прозори, кои изгледаат како отвори на пештери и балкони од кои секој има единствена ограда од ковано железо.

Денес осум од десет посетители доаѓаат во Барселона поради нејзината архитектура, претежно онаа на Гауди. Се проценува дека околу 500 илјади луѓе дневно поминуваат повеќе од половина час во ова ремек дело.

Прегледи:
759
Објавено на:
14.04.2016