Категории

Новиот BMW X5 пристигнува идната година

Третата генерација на BMW X5 е на пазарот веќе три години, а баварската компанија веќе го подготвува наследникот и тоа за идната година.

Еден од директорите на BMW, Марк Вернер, потврди дека компанијата работи на новиот модел X5, како и дека користи иста CLAR платформа која ја има и на новата Серија 7. Причината за пораното доаѓање на новата генерација најверојатно е тоа што X5 ќе биде основа за новиот X7.

Од BMW нема многу информации за моделот Х7, но се знае дека ќе биде подолг од актуелниот модел Х за околу 48,7 cm, како и дека неговата маса ќе изнесува 1.900 kg. Јасно е дека не се работи за лесен автомобил, но ни премногу тежок, бидејќи се работи за кросовер со многу простор и седум седишта.

Понудата на моторот се уште не е потврдена, но се верува дека Х7 ќе биде понуден со 3,0-литарски V8 мотор, а можеби и 6,0-литарски V12 мотор. Се очекува дека ќе има и хибриден модел.

Прегледи:
419
Објавено на:
15.04.2016