Кучето Меги од расата Австралиски келпи се смета за најстарото куче во светот. Пред неколку дена 30-годишната Меги почина во Австралија, пишува Huffington Post.
Според American Kennel Club, Меги би била стара околу 164 човечки години, Американската ветеринарна медицинска асоцијација тврди дека една цела кучешка година не се смета за 7 човечки години, односно дека станува збор за мит.
Минатата година 7 News Perth направи репортажа за Меги, која тогаш имаше 29 години. Нејзиниот сопственик Брајан Мекларен изјави дека кучето било глуво, но во добро здравје. Сè до последните денови од нејзиниот живот, кога кучето починало. Меги важела за лојално животно кое секогаш ги чекало децата да се вратат од училиште и да си играат.
Мекларен нема документи што ќе ја докажат возраста на Меги, но тврди дека кучето станало дел од нивното семејство кога син му имал 4 години, а денес има 34.
Поради недостигот на докази рекордот на Меги е неофицијален. Официјалниот рекорд го држи најстарото куче кое починало на возраст од 29 години и 5 месеци во 1939 година
Повеќето кучиња живеат меѓу 8 и 15 години, многу е ретко некое куче да живее повеќе од 20 години, велат од организацијата на Гинисовите рекорди.