Мараја Кери организираше приватна забава во италијанска вила, каде главната тема беше токму таа.
Кери (46) направи кратка пауза од својата турнеја “Sweet Sweet Fantasy Tour” и направи интересен маскембал покрај езерото Комо во Италија, на кој повика 40 најблиски пријатели и им кажа да се облечат како неа.
“Дури и мажите беа облечени како Мараја”, изјави новинарот Пејџ Сикса. Мараја на забавата носеше црна комбинација со перика.
Дворецот, кој обично се изнајмува за 12.250 долари од вечер, и беше отстапен на пејачката и е отстапен за користење. Инаку се наоѓа на сликовитото езеро и има 8 спални соби, 11 фонтани, приватен бар, базен, тераса, затворена тераса, театар и билјард соба.