Кога се во прашање врските каде еден од партнерите чува куче или какво некое друго животно, од огромна важност за иднината на врската е како другиот партнер се однесува со нивниот миленик.
Друг важен тест за ваквите врски е заедничкото живеење каде обврските кон миленикот се делат меѓу двајцата партнери и постои условување дека оној чиј е миленикот треба да се грижи за него.
Ако ги надминете овие два важни моменти бидете сигурни дека вашиот крзнен член на семејството ќе ве научи на важни вредности и лекции кои во никој случај не би ги сфатиле кога тој не би бил покрај вас.
1. Ќе поминувате многу поквалитетно време заедно
Преголемиот број на обврски честопати ве спречуваат да поминете макар и половина час насамо со партнерот. Прошетката на кучето е одличен начин како да се релаксирате и поминете квалитетно време заедно кое во друштво на вашето куче ќе биде исполнето со многу смеа и радост.
Исто така ваквите опуштени прошетки ќе бидат одлично место за долгите и сриозни разговори кои би биле многу понапорни и помачни доколку ги водите во некој ресторан или некое гласно кафуле.
1 2