Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо нема да настапи на наредниот меч во Примера против Рајо Валјекано.
Кралскиот клуб во последното коло славеше над Вилјареал, но го загуби Роналдо. За среќа, Португалецот нема потешка повреда, туку се работи само за полесно истегнување поради кое тој ќе мора да паузира еден меч.
Дополнително, Зидан решил да го одмора за тој да биде комплетно подготвен за мечот во Лигата на шампионите против Манчестер сити кој се игра во вторник. Роналдо оваа сезона одигра 31 меч во Примера на кои постигна 34 гола. За него ова ќе биде прво отсуство од тимот на „кралевите“.
Мечот меѓу Реал и Рајо се игра в сабота од 16 часот.