Ферги и нејзиното неодоливо синче Аксел редовно ги вртат кон себе објективите на папараците со својот стил на облекување.
41-годишната пејачка и 2-годишното момче вчера беа фотографирани во парк во Лос Анџелес. Облечена во кратки црни панталони и маица со препознатливиот симбол на Rolling Stones, Ферги се забавуваше со малиот русокос син, кој околу вратот носеше марама складна со патиките.
Стилот на малиот рокер Аксел не е изненадување ако се земе предвид дека тој е крстен по Аксел Роуз од бендот Guns N’ Roses.
Ферги и Аксел се чести посетители на паркот во Брентвуд, кој се наоѓа во близина на нивниот дом, а ним често им се приклучува и Џош Духамел.
Џош и Ферги се заедно од септември 2004 година, а стапија во брак на 10 јануари 2009 година. Парот го доби првото дете на 29 август 2013 година.