Категории

7 реченици кои секоја мајка треба да му ги кажува на детето

Одгледувањето на детето е животна задача на секој родител која е полна со прашања и недоумици.

Затоа следниве седум реченици би требало секое дете да ги слушне од својата мајка (и татко), за да се олесни задачата не секој родител.

За детето да порасне во самоуверена, среќна и способна личност мајката треба да ги користи овие реченици…

1. Те сакам

Покажувањето на љубовта е многу важна, но сепак детето треба и да слушне дека го сакате.

Секој ден барем по еднаш кажете му на вашето малечко дека го сакате и така тоа кога ќе порасне нема да има проблеми со изразување на чувствата.

2. Горда сум на тебе

На детето му е потребна потврда од родителите дека прави нешто добро.

Кажувајте му во очи дека сте горда на него. И тоа не само кога ќе добие добра оценка на училиште или кога ќе направи нешто добро.

Бидете горда на него затоа што се труди, затоа што дава се од себе и затоа што не се откажува.

3. Жал ми е

Детето треба да види дека неговиот родител е само човек од крв и месо, дека не е совршен и дека и тој може да погреши. Да се греши е ок.

Затоа морате да му признаете на детето кога сте биле неправедна спрема него и да му се извините исто онака како кога барате од него да ви се извини вам или на другите кога ќе згреши.

Плус на овој начин му нудите на детето сопствен пример како треба да се однесува.

4. Те слушам

Оваа реченица е особено важна кога детето ќе влезе во пубертет. Научете го да ви се доверува и да не се плаши да ви каже што го мачи и за што размислува.

А тоа најдобро ќе го постигнете ако му кажете на детето “те слушам„ и го пуштите да зборува.
Држењето на лекции и поставувањето на премногу прашања нема да помогне.

5. Тоа е твоја одговорност

Не му помагајте на детето во ситуации кога само тоа може да го реши проблемот. Вие можеби имате најдобри намери, но на тој начин детето може да стекне чувство на несигурност дека не е способно да го реши проблемот.

Бидете како тренер: подгответе го детето пред играта, навивајте за него од страна и потоа разговарајте што направило добро, а на што може да поработи.

Тоа може да се однесува на школски активности, но и на задолженија во домот како што е средување на собата или шетање на кучето.

Вие кај детето мора да всадите чувство за одговорност бидејќи така ќе израсне во самоуверена и способна личност.

6. Ти го можеш тоа

Важно е детето да слушне дека родителот верува во него и да знае дека е способно да направи нешто. Никој не може на детето да му влее повеќе самодоверба од мајката и таткото.

Вашето дете мора да знае дека може да ги оствари сите сонови и цели ако се труди. И дека во тешките моменти не смее да се откаже.

7. Не

Понекогаш најдобро што можете да направите за своето дете е да му кажете НЕ.

Во тој момент детето тоа нема лесно да го прифати и ќе негодува, но кога ќе порасне ќе го цени тоа.

Прегледи:
907
Објавено на:
25.04.2016