Категории

Вашата врска е сериозна кога тој…

Се забавувате веќе некое време и се прашувате дали вашата врска е на прагот да стане сериозна?

Набљудувајте го неговото однесување кога сте заедно и откријте сама дали тој има сериозни намери со вас.

# Ако ве држи за рака...ако се држите за рака додека се шетате, разговарате и пиете кафе, тогаш знајте дека тој сака на цел свет да му покаже дека му е мило што е со вас.

# Ако ви го допира грбот...мажот кој ве допира по грбот или половината всушност сексуално ве предизвикува. Тој намерно ги одбира овие сензуални делови од вашето тело и ја очекува вашата реакција.

# Ако ве бакнува кога се испраќате…ако ве испраќа со долг бакнеж вие сте среќна “коцка“. Бакнежот е знак дека кај него ја будите искрената и нежната страна.

# Ако секогаш стои близу вас…ако е секогаш на помалку од два чекори од вас додека разговарате, тоа значи дека сака да влезе во вашиот простор на интимност.

# Ако седи на рацете…тогаш се обидува да се контролира. Внимава што ќе каже, сака да остави добар впечаток и да ве задоволи.

# Ако кога е со вас често на лицето има широка насмевка...ако “блеска“ додека разговарате, знајте дека кога ве гледа или мисли на вас во неговиот стомак “летаат пеперутки“.

# Ако често сака да ве гушка…тој сака да ве заштити. Сака да се грижи за вас на секој можен начин.

Прегледи:
270
Ознаки:
·
Објавено на:
28.04.2016