Сакате шик патики?
Со еден пар еднобојни платнени патики, маркер за ткаенини и лењир, погледнете како едноставно можете да направите Missoni-инспирирани обувки, со само малку трпение. Нека не ве плашат многуте линии, едноставно е !
Погледнете ги 12-те чекори до овој прекрасен производ:
1: Што ви е потребно
- Еден пар бели платнени патики
- Лењир
- Дебела/Цврста хартија
- Молив
- Ножички
- Маркери за ткаенини во различни бои (оние со дебел и тенок врв се најдобри)
2: Со помош на лењирот, нацтрајте права линија близу до ивицата на хартијата.
3: Нацртајте втора линија 1.3 сантиметри подолу од првата. Употребете го линијарот за да го обележите растојанието од 1.3 сантиметри помеѓу двете линии.
4: Потоа, направете цик-цак дезен помеѓу двете паралелни линии со поврзување на секое второ обележување.
5: Сега, кога веќе ги имате сите тие триаголничиња, исечете го долниот ред (извинете!). Би требало да ви остане ред кој личи на заби (од ајкула или мечка).
Како да го завршите овој Направи Сам проект? Погледнете ТУКА.