Категории

Како растеше Лестер, така растеше и цената на играчите

Овој клуб предводен од Клаудио Раниери направи исклучителен успех за кој сигурно уште долго ќе се зборува, успеа да ги победи сите големи гиганти и тоа верувале или не го направи состав во кој стандарните првотимци се купени за само 21 милиони фунти.

Сега вредноста на секој играч очекувано е многу зголемена и еве колку сега вреди неверојатната единаесетка на клубот од „Кинг Пауер“.

-Каспер Шмајхел (дојде како слободен играч) Сега вреди 12 милиони фунти

-Дени Симпсон (2 милиони фунти) Сега вреди 5 милиони фунти

-Кристијан Фукс (слободен играч) Сега вреди 6 милиони фунти

-Роберт Хут (3 милиони фунти) Сега вреди 7 милиони фунти

-Вес Морган (1 милион фунти) Сега вреди 10 милиони фунти

-Марк Олбрајтон (слободен играч) Сега вреди 7 милиони фунти

-Н Голо Канте (5,6 милиони фунти) Сега вреди 20 милиони фунти

-Дени Дринквотер (1 милион фунти) Сега вреди 12 милиони фунти

-Ријад Марез (350 илјади фунти) Сега вреди 35 милиони фунти

-Џејми Варди (1 милион фунти) Сега вреди 25 милиони фунти

-Шинџи Оказаки (7 милиони фунти) Сега вреди 16 милиони фунти

Прегледи:
419
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
02.05.2016