„Волшебникот “Зинедин Зидан седна на клупата на Реал Мадрид и го препороди тимот. Го одведе до финалето во Лигата на шампионите, на чекор од 11.трофеј за „кралевите“ во ова европско натпреварување. А и францускиот ас дојде само на чекор да влезе во одбраната група на „величествените“ кои успеале да го освојат пехарот во ЛШ и како играчи и како тренери.
Во оваа група се Мигел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти, Франк Рајкард и Пеп Гвардиола. Седмиот би можел да биде Зинедин Зидан.
Популарниот Зизу во 2002 година ја освои Лигата на шампионите, кога во дресот на Реал Мадрид постигна велепепен гол, а „кралскиот клуб“ го победи Баер Леверкузен со 2-1.