Категории

Адријана Лима е навистина заљубена: Таа страствено се бакнува со своето момче среде Мајами!

Адријана Лима очигледно е навистина заљубена, и тоа до уши! Во тоа не постојат никакви сомнежи. Со момчето коешто во јавноста е познато како Големиот Џо, таа била забележана како се бакнува среде Мајами.

Адријана и ММА борецот се фотографирани пред теретаната, после заедничкиот тренинг. Нив двајца освен емоциите, очигледно ги поврзува и љубовта кон спортот.

Манекенката тренира бокс и е исклучително посветена и на тоа поле.

lima-dzo-baknezi-majami-n-02

За врската со Џо се дозна кон средината на 2015-та година, и иако неодамна на големо се пишуваше дека тие двајца се разделиле, нивната љубов е очигледно посилна од било кога претходно.

lima-dzo-baknezi-majami-n-03

Лима пред неколку месеци и официјално се разведе од Марко Јариќ, со којшто во 2009-та година се венчаше. Со кошаркарот таа ги има ќерките Валентина (6) и Сиена (3).

lima-dzo-baknezi-majami-n-04

Нејзината врска со Џо пак станува сè посериозна. На овој спортист пак одлично му тргнало во мисијата за да ја освои оваа убава Бразилка! Тие двајца се и навистина впечатлив пар, зарем не?

Прегледи:
453
Објавено на:
07.05.2016